X
 26.08.2019 Живот

Арапи сакаат да градат ресорт кај Улцињ вреден милијарда евра

Во Улцињ деновиве почнаа да пристигнуваат инвеститори за изградба на проектот „Мавриан лакшари ресорт“ (Mavrian Luxury Resorts).

Во рамките на тој проект, на површина од околу 63 хектари, ќе бидат изградени пристаниште, три луксузни хотели и 105 вили со вкупно 5.000 кревети.

За проектот се заинтересирани инвеститори од Катар и од Египет.

Според градоначалникот на Улцињ, Љоро Некиќ, вредноста на инвестицијата е меѓу 600 милиони и милијарда евра.

Некиќ најави дека општината ќе бара согласност од министерството за финансии за продажба на својот дел од земјиштето, што е проценето на околу 20 милиони евра, јавуваат црногорските медиуми.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот