X
 09.05.2015 Економија

Како е да се живее во најбогатата земја во светот?

Нафтата и гасот ја направија Катар најбогата земја во светот. Би-Би-Си пишува дека речиси неограниченото богатство сепак не било доволно за потполна среќа во државата бидејќи со него се донесуваат и општествени промени кои не им се допаѓаат на сите. Во Доха, едно типично семејство моментално се опушта во попладневните часови уживајќи на сончевото шеталиште во градот.


Летото во Катар трае од мај до септември, а температурите секојдневно надминуваат 38 степени налето, а честопати стигнуваат до 47-от степен. Во последните неколку години изгледот на Доха се променил значајно. Насекаде „растат“ високи кули на места каде пред неколку години имало само песок.

Катар е најбогатата земја во светот со бруто домашен производ по жител од 102.000 долари. По неа се Лихтенштајн (89.000 долари), Бермуда (86.000 долари), Макау (82.000 долари) и Луксембург (78.000 долари).

Приближно 14% од домаќинствата во Катар се милионери во долари, а невработеноста во 2013 година изнесувала 0,1%. Катар располага со третите најголеми резерви на природен гас, а залихата на нафта е 15 милијарди барели.

Образованието е бесплатно, како и здравственото осигурување. Вработувањето е загарантирано, како и сместувањето. Водата и струјата се бесплатни. Во Катар не постои данок. Не го плаќаат ниту странците.


Истовремено, граѓаните се под поголем стрес и притисок поради многубројните изградби и сообраќајните метежи. 40% од катарските бракови завршуваат со развод. Повеќе од две третини од граѓаните страда од дебелина. Во Катар повеќе живеат странци отколку домашни жители. Катарите се жалат дека најдобрите работи ги земаат странците.

Од 1.800.000 жители, само 280.000 се Катари. Животот на просечните катарски семејства се сменил потполно. Децата најчесто се одгледуваат од странски негувателки.

Катар е апсолутистичка монархија. Од изминатата година, шеф на државата е осмиот емир Тамим бин Хамад ал Тани. Тој е најмлад арапски лидер (34) и ги донесува сите наредби и одлуки, а никој не смее да го критикува, ниту медиумите.

Алкохолот е дозволен во одредени зони наречени „зони за забава“. Катар има само еден копнен сосед, Саудиска Арабија. Катар е во лоша состојба кога станува збор за борбата против тероризмот. Емиратот секогаш е расположен да финансира различни исламистичко-терористички движења.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија