Дали Дубаи може да стане следниот Амстердам? Иако е познат по многуте автопати и брзи автомобили, најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати се надева дека ќе стане поповолно место за велосипедистите преку новата иницијатива најавена од шеикот Хамдан, принцот на Дубаи.
Проектот е дел од „Дубаи визија 2021“, чија цел е да го направи градот едно од најдобрите места во светот за живеење, работа и посета до 50-годишнината од основањето на Обединетите Арапски Емирати. Претходно годинава надлежниот орган за јавен превоз најави 800 велосипеди што ќе можат да се изнајмуваат во партнерство со „Карим“, апликација за возење во Дубаи, купена од „Убер“ во 2019 година. Планирано е над 3.500 велосипеди да бидат на улиците, на 350 станици низ градот во наредните пет години.
Дубаи има шема за изнајмување
велосипеди од 2013 година и беше првиот град на Блискиот Исток што почна да го прави тоа.
- Оваа услуга придонесува за напорите за одржливост во Дубаи и ги охрабрува жителите и туристите да уживаат во активен и здрав живот, обезбедувајќи им нова опција за превоз што ќе ја подобри мобилноста низ градот - вели Матар Мухамед ал Тајер, директор на одделението за патишта и транспорт.
Дубаи сега има 425 километри велосипедски патеки низ градот, а планот е до 2023 година да се прошири на речиси 650 километри. За 2020 година беше закажан настан што требаше да привлече огромен број посетители во Дубаи, но поради пандемијата на коронавирусот, беше презакажан за октомври 2021 година.
Фото: Pixabay