X
 19.04.2017 Живот

Владата на Дубаи планира да престане со употребата на хартија

Дубаи планира да ја прекине употребата на хартија во владата до 2021 година.


Во план е да се испечати последниот владин документ, според изјавата на принцот Хамдан Бин Мохамед. Тој истакнал дека иднината бара фаза во која владата ќе работи без хартија и ќе се фокусира на плановите за постигнување на најдобри стандарди за луѓето.

Асистентот на проектот „Smart Dubai Office“, истакнал дека целта е да се овозможи вистинска институција со вистински податоци кои се потребни во владата. Според нив, тоа ќе овозможи и измена на отворените и заедничките податоци помеѓу јавноста и приватниот сектор, како и поединецот.

Проектот „Smart Dubai Office“, веќе нуди околу 1000 услуги од државната управа, а планира да понуди 1129 до 2021.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот