X
 12.11.2018 Технологија

Дубаи планира да воведе летачки полициски мотори до 2020 година

Полицијата во Дубаи има намера да воведе летачки мотори до 2020 година, изјави генералниот директор на Одделот за вештачка интелигенција во Дубаи, Халид Насер Алзаруки.

Компанијата „Ховерсурф“ го претстави својот летачки мотор С-3 2019 на електропогон и на Саемот за технологија во Дубаи, демонстрирајќи дека леталото е одлично за секојдневни потреби. Градските полициски службеници го добија новитетот на подарок.

 - Моментално има две екипи во процес на обука, а бројот на учесници од ден на ден ќе се зголемува - изјави Алзаруки.

Сепак, главниот уредник на списанието „Аероспејс“, Тим Робинсон, смета дека како полициско возило, тоа би било прилично ограничено, главно поради издржливоста на батеријата, која веројатно ќе мора да биде со поголем капацитет.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија