За една недела нѐ очекува сина месечина која ќе биде најголемата и најсветла месечина за 2023 година.
Сината месечина ќе изгрее ноќта на 30 август. Потребно е да погледнете источно на небото по зајдисонце за да ја најдете - нема да биде тешко да се забележи со оглед на тоа дека ќе биде најсветлата и најголема месечина во годината. Оваа месечина ќе биде забележлива поради неколку причини: прво, не само што ќе биде полна месечина, туку и сина месечина, што значи дека е трета полна месечина во сезона во која има четири полни месечини, известува НАСА.
Плус, оваа сина месечина е исто така и супермесечина, што значи дека се совпаѓа со перигејот, точката во орбитата на Месечината кога е најблиску до Земјата. Тоа значи дека ќе изгледа малку поголема од нормално. Но, со голо око оваа разлика во големината веројатно нема да биде забележлива.
Што е сина месечина?
Терминот сина месечина не се однесува на бојата на Месечината, туку на нејзината фреквенција. Сина месечина е името дадено на втората полна месечина што се случува во рамките на еден календарски месец.
Бидејќи полна месечина обично се појавува на секои 29 дена и бидејќи повеќето месеци се подолги од ова, опфаќаат 30 или 31 ден, можно е повремено да паднат две полни месечини во истиот месец.
Но, на сината месечина овој месец ќе ѝ се придружи и специјален гостин на небото: Сатурн. Прстенестиот гасен џин ќе лежи директно спроти Сонцето, што ќе го прави особено светол на ноќното небо.
Сините месечини се случуваат релативно често. Астрономски гледано, се случуваат еднаш на секои две до три години. Последната сина месечина изгреа во август 2021 година, а следната се очекува да изгрее во август 2024 година.
Извор:
Space.com
Фото:
Instagram