X
 22.04.2021 Наука

НАСА објави нова фотографија од локацијата на „Војаџер 1“, најоддалеченото летало од Земјата

Вселенскиот телескоп „Њу хорајзонс“ на американската вселенска агенција НАСА патува некаде помеѓу ѕвездите, а во меѓувреме прави фотографии и ги испраќа до Земјата. Телескопот, испратен во 2006 година, бил на мисија да помине покрај Плутон, и го направил тоа во 2015 г. Потоа продолжил да патува низ вселената, надвор од нашиот Сончев Систем.

На 17 април стигнал на оддалеченост од 7,5 милијарди километри, или 50 астрономски единици, што е 50 пати повеќе од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.


Фото: NASA

Ова е петто летало досега што стигнало ваква оддалеченост, по „Војаџер 1“, „Војаџер 2“, „Пајонир 10“ и „Пајонир 11“.

За да се одбележи подвигот, НАСА објави фотографија направена од „Њу хорајзонс“ на која се наоѓа „Војаџер 1“. „Војаџер 1“ се наоѓа на оддалеченост од 152 астрономски единици и е најоддалечен објект направен од човекот.


Фото: NASA

На фотографијата двете летала се оддалечени меѓу себе дури 18 милијарди километри. Затоа, јасно е што на фотографијата воопшто не се гледа „Војаџер 1“, иако НАСА го означила местото на кое се наоѓа тој.

„Њу хорајзонс“ никогаш нема да го стигне „Војаџер 1“, но НАСА го користи телескопот за да ја мери темнината на небото и вселенските феномени.


Фото: NASA

Автор: Мајкл Ирвинг
Извор: newatlas.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука