НАСА планира да испрати мисија на Марс на 20 јули. На Црвената Планета ќе бидат испратени роверот „Персевиренс“ и малиот хеликоптер „
Инџинуити“. Хеликоптерот ќе стане првото летало што ќе полета на друга планета.
НАСА неодамна објави видео во кое покажува како „Персевиренс“ ќе го состави хеликоптерот откако ќе слета на површината на Марс. За време на мисијата роверот ќе ја истражува површината на Марс и ќе бара знаци за живот во минатото.
Фото: YouTube
Во меѓувреме, хеликоптерот ќе бара потенцијално корисни места за истражување на планетата и ќе собира податоци за идни мисии. Хеликоптерот тежи околу 1,8 килограм и на него има четири роботи и камера. Тој ќе се полни со сончева енергија.
Според планот, мисијата треба да тргне на 20 јули. Роверот и хеликоптерот треба да стигнат на Марс во февруари 2021.
Автор: Тревор Мог
Извор:
digitaltrends.com