X
 26.09.2017 Култура

Зошто секое дете треба да чита најмалку 20 минути дневно?

Сите родители треба да си постават цел - секоја вечер со своите деца да читаат 20 минути.

Со првачињата секоја книга треба да се прочита трипати:

- првиот пат за детето да слушне како звучат зборовите,
- вториот пат за детето да сфати за што се работи
- третиот пат за детето да вежба течно читање.

Постарите деца треба самостојно да читаат 15-20 минути, и тоа на глас. Слушајте го детето како ги изговара комплицираните зборови, кажете му кога ќе згреши и на крај, побарајте да ви раскаже што прочитало.

Во продолжение е мала статистика на оваа тема која ќе ве поттикне да започнете да го применувате овој совет:

Сите се зафатени и немаат многу време и јасно е дека децата мораат навреме да легнат. Но доколку го прескокнете читањето со децата, тие побавно ќе научат да читаат. Резервирајте 20 минути секоја вечер и читајте со вашите деца. Наставниците ќе ви бидат благодарни, а еден ден и вашите деца.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура