Децата често на училиште губат концентрација и нивниот фокус, а како што завршува училишниот ден, станува се` полошо.
Голем дел од родителите се обидуваат да ги казнат своите деца со различни казни со цел да го подобрат нивниот фокус и тие да бидат свежи и подготвени на работа. И додека некои се служат со казни, други пак се обидуваат со награди и поткупувања и откриваат дека и ова не делува.
Како што деновите поминуваат, детето заостанува со материјалот, а родителите повеќе немаат идеја како да им помогнат и што да прават. Но, решението е доста едноставно. Всушност, факт е дека луѓето, особено децата, не можат да се сконцентрираат подолго време. Земете на пример 5 годишно дете. Максималното време кое можат да останат сконцентрирани се 15 минути.
За да се реши овој проблем потребно е воведување на редовни паузи. Поделбата на лекцијата во помали секвенци ќе го направи животот доста полесен за учениците. Ако на детето му е дозволена тивка пауза, тогаш постои голема можност да се подобри неговиот фокус.
Немојте да го стимулирате за време на паузата
Она што е важно е да обезбедите паузата да не биде премногу забавна или стимулирачка. На детето не треба да му биде дозволено да игра на мобилен телефон или интензивен разговор со другите деца. Паузата треба да биде тивко време кога децата треба да се охрабрат мирно да седат или да шетаат низ училница.
Неодамнешно
истражување покажува дека децата не се единствените што имаат корист од паузите. Сите ние може да изгубиме фокус додека ја извршуваме истата задача подолг временски период.
Професорот по психологија Д-р Алехандро Лерас од Универзитетот во Илионис, лидер во истражувањето, тврди дека намалувањето на претпазливоста е губење на фокусот кој го доживуваме откако извршуваме иста задача еден подолг временски период.
„Постојаната стимулација регистрирана од нашиот мозок не е важна, до таа точка што нашиот мозок ја бриши од нашата свест“, вели професорот.
„Па затоа си помислив дали има некаков вид на аналогија за начинот на кој мозокот фундаментално ја процесира информацијата - работите кои се вистините за сензациите, треба да бидат вистинити и за мислите“, вели Лерас.
Тој смета дека континуираното внимание на една мисла исто така треба да доведе до исчезнување на мислата од нашиот ум.
Лерас заедно со соработникот Ацунари Арига ја испитувале способноста на учесниците да се фокусираат на повторувачки компјутеризирана задача околу еден час. Задачата била направена во различни услови. Констатирано е дека во текот на задачата перформансите на учесниците биле значително намалени. Но, само една група немала пад во нивните перформанси. Групата имала две кратки паузи во текот на задачата. Како резултат на тоа тие можеле да останат фокусирани во текот на целиот експеримент.
Лерас сугерира дека продолженото внимание на една задача може да ја попречи ефикасноста.
„Кога сме соочени со големи задачи, најдобро е да се земат кратки паузи. Кратките ментални паузи всушност помагаат во фокусот на задачата“, вели Лерас.
Истата логика важи и за децата. Едноставното време на пауза во режимот на учењето на децата може да има позитивни последици.