Секој мора од некаде да ја започне кариерата, а семејството Кардашијан одлучи да им даде шанса на оние што досега ја немале. Всушност, работодавецот е „Џенер комјуникејшнс“, а пожелните кандидати се студенти што сакаат „пракса“ во замена за плаќање на школарината.
Кандидатите за работа нема да бидат платени, но најпознатото семејство ќе вложи во нивното образование.
Фото: Printscreen
За да бидете пожелен кандидат за работата, треба да сте студент, но и да имате автомобил, да живеете во Лос Анџелес и да сте слободни да работите во понеделник, среда и во петок од 9:30 до 18 часот. А што всушност треба да работите?
Списокот со обврски вклучува: помагање на децата во игротека, купување намирници и помош околу кучето.
Огласот уште на почетокот предизвика реакции кај луѓето, кои велат дека условите поставуваат нова верзија на робовладетелски односи. Некои се прашуваат дали овој ангажман е воопшто легален. За некои е само смешен и „фин начин“ на кој Кардашијан бара „слуга“.
Фото: Printscreen
Но, претпоставуваме дека има и многу млади луѓе што сакаат да бидат во близина на овие познати личности и кои оваа понуда ја препознаваат како „
работа од соништата“ што води до слава.