Замислете општество без мажи во смислата на која сме навикнати, без брак (или развод), општество во кое не постојат семејства на кои сме навикнати. Бабата е главата на семејството, синовите и ќерките живеат со неа, како и внуците – децата на ќерката.
Фото: Pixabay
Мажите се третирани како донатори на сперма, а не се вклучени ниту во одгледувањето на децата. Овој прогресивен феминистички свет – матријархат, постои во долината Јунан, во југозападна Кина, на подножјето на Хмалаите.
Древната племенска заедница се вика Мосуо и живее на изненадувачки модерен начин: жените се рамноправни, ако не и супериорни во споредба со мажите. И жените и мажите можат да имаат колку сакаат сексуални партнери, без осудување, а жените се грижат за потомството.
Мусуо децата припаѓаат само на мајките, бидејќи нивните биолошки татковци живеат во своите матријархални семејни куќи. За Мусуо жените вообичаено е да не знаат кој е таткото на децата, но не постои никаква стигма во врска со тоа.
Мажите и жените практикуваат она што е познато како „шетачки брак“, елегантен израз за она што всушност е тајна ноќна средба со љубовникот кој таму се нарекува „аксиа“. Шеширот ставен на вратата е знак за други мажи да не влегуваат. Ваквите врски можат да станат редовни средби, па дури и доживотно ексклузивно партнерство, но и не мора. Паровите никогаш не живеат заедно и никој никогаш не изговара „Да“.
За жените ови ноќни средби се често бегство од тешката работа и секојдневниот живот, но и можност за бременост. Жените го поседуваат и наследуваат имотот, се занимаваат со земјоделство и се грижат за домаќинството и децата. Мажите се занимаваат со обврски кои бараат сила – орање, изградба и поправка на куќи, колење на животни, некогаш учествуваат во донесување на некои одлуки, но последниот збор го има бабата.
Сепак, ова општество трпи и одредени промени и некои млади се одлучуваат за „западен“ облик на брак и класичен семеен живот. Образованието и развојот на туризмот во добра мера придонеле за промена на начинот на живот во оваа заендива. Туризмот веќе има големо влијание врз тамошниот живот, па денес селаните имаат „iPad“ и слични уреди со напредна технологија, а голем дел од приходите им се и од туризмот.
Останува да се види колку е можно да се сочува овој начин на живот со влијанието на надворешниот свет, но практикувањето на традицијата за посетителите, е еден од начините за зачувување на нивната култура.