Американскиот писател Ричард Бах е познат по најпродаваните книги во 70-тите години, меѓу кои се „Галебот Џонатан Ливингстон“, „Дарот на крилјата“ и „Илузии“. Има напишано голем број романи и полуавтобиографски книги користејќи вистински или измислени настани од неговиот живот за да ја прикаже својата филозофија.
Неговата љубов кон авијацијата и книгите поврзани со летањето останала со него цел живот. Во продолжение ви нудиме негови
зборови на мудрост што ќе ве поттикнат да го гледате животот од поинаква перспектива и да ги прифатите и добрите и лошите работи во него.
- Вистинските љубовни приказни никогаш немаат крај.
- Никогаш не ви е дадена желба без да ви биде дадена моќ да ја остварите. Но, мора да работите на неа.
- Еве тест за да откриете дали вашата мисија на Земјата е завршена. Ако сте живи, не е.
- Еве што е учење; не е дали ќе изгубите во играта, туку како сте изгубиле и како сте се промениле поради тоа и што сте научиле од тоа, нешто што претходно не сте го знаеле, а можете да го применете во друга игра. Губењето, на чуден начин, е победа.
Фото: Screenshot
- Животот не ти кажува ништо, но ти покажува сѐ.
- Дали километрите навистина може да те одделат од пријателите... Ако сакаш да бидеш со некој што го сакаш, нели си веќе таму со него?
- Колку повеќе сакам нешто да сработам, толку помалку го нарекувам работа.
- Секоја личност, сите настани во твојот живот се присутни бидејќи си ги привлекол. Она што ќе избереш да го направиш со нив, зависи од тебе.
- Најлошите лаги се оние што си ги кажуваме себеси. Живееме во одрекување на она што го правиме, дури и она што го мислиме. Ова го правиме бидејќи се плашиме.
- Твојата совест е мерка за искреноста на твојата себичност. Слушај ја внимателно.
- Наједноставните работи честопати се највистинските.
- Брани ги твоите ограничувања и биди сигурен дека се твои.
- Она што за гасеницата е крајот на светот, за учителот е пеперутка.
- Колку попросветлени стануваме, толку ни е потешко да најдеме луѓе што ќе нѐ сфатат. Колку повеќе знаење постигнуваме, толку е поголема веројатноста да живееме сами.