X
 01.08.2024 Живот

Што претставува „тивко летување“ и дали тоа е клучот за постигнување рамнотежа помеѓу работата и животот?

Во последниве години се појавија трендови како тивко давање отказ, работење само за толку колку што си платен и аплицирање за „мрзливи“ работни места, со оглед на тоа што многумина од нас беа принудени да работат од дома поради пандемијата.

Но, бидејќи од многумина се бара да се вратат во канцелариите, тоа доведува до нов тренд што нè натера да го преиспитаме начинот на кој традиционално се појавувавме на работното место, без разлика дали тоа е физички или виртуелно. Токму затоа, ви го претставуваме тивкото летување.

Што е тивко летување?

Тивко летување е тренд кога одите на одмор без да му кажете на вашиот шеф. Не земате годишен одмор и се најавувате за состаноците, си ја завршувате работата навреме, но наместо да седите на вашата трпезариска маса и да работите од дома, вие работите додека сте некаде на одмор.

Некои луѓе што тивко летуваат ги работат истите часови како и претходно - единствено е различна локацијата.

Нормално, тивкото летување е полесно кога од вас не се очекува да бидете онлајн помеѓу 9 и 17 часот. Сепак, дури и некои луѓе што работат во ова работно време се одлучуваат за тивко летување. Аргументот е едноставен: ако ја завршувате целата работа, тогаш зошто е важно каде сте?

Вистината е дека многу луѓе се плашат да побараат од своите шефови слободни денови. Колкумина од нас биле загрижени дека нашите шефови мислат дека не ја сфаќаме доволно сериозно нашата работа ако се осмелиме да побараме слободни денови?

Извор: Elle.com.au
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот