X
 19.01.2020 Живот

Човек може да се запре кога се качува, но не и кога паѓа

- Ако сакате ништо да не работите, заљубете се во она што го работите. (Свифт)

 - Оној што не греши, не работи ништо. (Ленин)

- Бескраен е патот кој води кон ништо. (Ковачевиќ П.)

 - Ако сакате да успеете во општеството, убијте ја вашата совест. (Мирабо)

- Му се обраќаме на Бога само тогаш кога сакаме да го постигнеме невозможното. За можното ни се доволни и луѓето. (Лагерлеф)

 - Подобро е да бидеш три дена чекан отколку една година наковална. (Зафар)

- Подобро е на чело на овците да биде лав отколку пред лавовите да оди овца. (Дефо) 

- Подобро е да работиш со луѓе што сакаат нешто отколку со оние што го постигнале тоа што го сакале. (Бекон)

- Брбливецот е слаб работник. (Шекспир)

 

- Човек повеќе го убиваат грижите отколку работата. Поради тоа умираат голем број луѓе, бидејќи побројни се оние кои кукаат, отколку оние кои работат. (Бухвалд).

-  Човек без трпение е како ламба без шпиритус. (Сеговиа)

- Човек може да се запре кога се качува, но не и кога паѓа. (Наполеон) 

- Човек се прифаќа во општеството според облеката што ја носи, а се испраќа според духот што го покажал. (Шолохов) 

- Човек се смета за објективен ако се сложува со другите. (Гварески)

- За да направи големи дела, човек треба да живее како да не мора никогаш да умре. (Дизраели) 

- Човек може сè само ако сака. (Горки).

- За да го сврти вниманието кон себе, човек некогаш мора да стигне последен до целта. (Ликок) 

- И секој залет секогаш завршува на земја. (Симиќ) 

- Има многу стари идеи кои, кога-тогаш, изненадно стануваат нови. (Достоевски) 

- Искуството е како чепкалка за заби: ви служи само вам. (Питигрили)

 - Искуството ни дава можност добро да се снајдеме во животот, додека недостигот на искуство нè препушта на случајот. (Платон)

- Должноста треба да се стави пред сè, а во втор план плодот кој се добива од неа. (Конфуциј)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот