X
 26.10.2018 Економија

Германците не знаат за финансиски маки

Жителите на Германија се многу задоволни од својата финансиска состојба, а просекот на задоволни Германци се зголемил во споредба со претходната деценија, покажува истражување на Сојузот на германски штедилници.

На прашањето како ја проценуваат својата финансиска ситуација, 63 отсто од испитаниците одговараат со „добро“ или „многу добро“. Само 8 отсто својата финансиска ситуација ја оценуваат како лоша. Вкупно 29 отсто од испитаниците за својата финансиска состојба рекле дека е „средно добра“.

Испитувањето ja покажува најпозитивната процена на личните финансии откако на почетокот од минатата деценија беше воведено ова испитување.

Кон средината на минатата деценија само 40 отсто од жителите ја доживувале како добра својата финансиска состојба, додека 18 отсто сметале дека се наоѓаат во финансиска непогода.

Новото истражување покажало и големи разлики во задоволството од финансиите кај граѓаните од различни сојузни покраини. Така, задоволството е најизразено во покраината Хесен, каде што се наоѓа Франкфурт. Исто така, од своите финансии се задоволни и жителите на јужните покраини, како Баварија и Баден-Виртемберг.

Незадоволни се жителите на источните сојузни покраини, а предничат жителите на главниот град Берлин. Таму 16 отсто од граѓаните за својата финансиска состојба велат дека е лоша. Берлин е град во кој во последните години најбрзо растеле трошоците како кирија и слично.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија