X
 10.05.2020 Образование

Илон Маск: „Премногу паметни луѓе се одлучуваат за финансии и право“

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, смета дека помалку луѓе треба да одбираат кариера во областа на финансиите и правото и наместо тоа да се фокусираат на иновации.

- Во САД особено има премногу таленти во финансиите и правото. Всушност, премногу паметни луѓе се одлучуваат за финансии и право - изјавил Маск во интервју со комедијантот Џо Роган, објавено во четвртокот.


Фото: Wikipedia

Кога Роган го прашал Маск дали луѓето го гледаат на различен начин затоа што е милијардер, тој одговорил позитивно. Маск додал дека во последните години да се биде милијардер изгледа како нешто лошо. Сепак, тој ги дели богатите на луѓе што се збогатиле основајќи компанија која создава нешто и такви што се збогатиле со финансиски методи или на друг начин.

- Доколку ги организирате луѓето на подобар начин, да произведуваат производи и услуги кои се подобри од оние што постоеле претходно и имате некаков сопственички удел во таа компанија, тоа ви дава право да алоцирате повеќе капитал. Така, ова е комплимент и критика истовремено. Помалку луѓе треба да практикуваат право и финансии и повеќе луѓе треба да создаваат работи - изјавил Маск.

Маск додал и дека производството не се смета за толку вредно како порано, а создавањето автомобили е чесна работа. Неодамна, во една изјава на „Твитер“, Маск изјавил дека ќе го продаде целиот свој имот.



Во интервјуто зборувал за оваа објава, откривајќи дека има многу куќи во кои не поминува многу време, па затоа тие не се добро искористени.

Автор: Џесика Бурсцински
Извор: cnbc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование