Математичките вештини и знаењето од областа на финансиите се важни за секој професионалец од областа. Меѓутоа, тоа се само основните вештини кои се потребни за работа во сферата. „Инвестопедија“ пишува за некои „нефинансиски“ вештини кои се потребни.
Пред сè, потребни се
комуникациски вештини. Способноста за јасно и прецизно пренесување комплицирана информација е задолжителна.
Вештините за
менаџирање врски вклучуваат разбирање на различните карактери, слушање и одговорање прашања. Тие значат решавање конфликти и помагање на луѓето.
Вештините за
маркетинг и продажба бараат разбирање на сопствените силни страни, но и на компанијата. Клиентите треба да знаат дека сте способни за остварување на нивните цели.
Способноста за
менаџирање проекти, организациските вештини и способноста за забележување детали ќе ви помогнат да ја задржите контролата и ефикасно да го трошите работното време.
Вештините за
решавање проблеми се важни бидејќи секое работно место има свои проблеми.
Модерните професионалци се вешти и во ракување со модерните
технолошки уреди.
Професионалците треба да ја разбираат и
етиката на работењето и да бидат амбициозни за напредок.