X
 26.10.2018 Наука

Трамп тврди дека воздухот во САД е најчист, но дали тоа е вистина?

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот на „Твитер“ сподели мапа, посочувајќи дека американскиот воздух е најдобар. Но, дали тоа е вистина? Не баш.

Мапата, која е преземена од извештај на Светската здравствена оргнизација од годинава, е проценка на тоа колку ултра фини честички ПМ вдишуваат луѓето ширум светот. Тоа е само една компонента од загадувањето на воздухот.

Мапата обележува и нешта како прашина и други мали честички кои лебдат наоколу, а се помали од две и пол микрони (тоа е нешто што се нарекува ПМ 2,5 загадување).

Овие честички се 30 пати помали од влакно од човечка коса. Поради тоа што се толку мали, тие лесно можат да навлезат во белите дробови - што е сериозен проблем за луѓето кои веќе имаат проблеми со дишењето и со срцето. Интензивното изложување на овие честички со текот на времето може да доведе до ослабено функционирање на белите дробови, а некогаш и до смрт.

Експертката за загадување на воздухот Габриел Фистер, истакнува дека користењето на мапата за да се покаже колку е чист американскиот воздух може да наведе на погрешни заклучоци.

-Америка нема најчист воздух во светот само затоа што е бела на оваа мапа - вели таа, додавајќи дека во САД има помалку загадувачи кои загадуваат со ПМ 2,5 отколку во некои земји во развој.

Според американската Агенција за заштита на животната средина, помеѓу 50.000 и 120.000 луѓе во САД умираат предвреме поради лош воздух.

-ПМ 2,5 е една компонента од загадувањето на воздухот. Ако го погледнете озонското загадување, ќе видите дека САД има погоолемо озонско загадување од многу региони во земјите во развој... тоа е поврзано со озонската хемија - вели Фистер.

Во однос на загадување со ПМ 2,5 честички, земјата со најчист воздух е Нов Зеланд, додека САД се седми на листата. Во меѓувреме, најчистите градови во светот (кога станува збор за концентрации на честички) се во Шведска.

-Додека дишењето воздух во Стокхолм е подобро за вашето здравје од дишењето во Шангај, не е правилно да се мисли дека една земја може да го има најчистиот воздух бидејќи сите живееме под истото небо - вели Фистер.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука