Ирвен Розенфелд еден од првите кои во Соединетите Американски Држави добивал медицинска марихуана од страна на Владата како медицинско тестирање и се`уште се бори за овој третман да биде спроведуван од сите амрикански држави.
На 10 годишна возраст, докторите пронашле околу 200 тумори на неговите коски. Кажано му било дека неговата болест е дегенеративна и најверојатно ќе го убие на многу млада возраст. Повеќето од времето за него било поминато во екстремна болка, иако примал низа на лекови кои не резултирале со намалување на болката.
Во 1970-та Ирвен започнал да конзумира марихуана. по 10-от пат, почувствувал дека болката се намалаува. Започнал почесто да конзумира марихуана, а болката исчезнала.
„Тогаш сфатив дека илегалната дрога наречена марихуана, за мене беше единствен лек кој ми помагаше“ , рекол Розенфелд.
Во 1977 година, Розенфелд го запознал Роберт Рандал кој бил првиот пациент кој добивал медицинска марихуана како експериментален третман. Од тогаш, тие основале партнерство и постојано работат на легализирање на марихуаната во медицински цели.
Всушност, ова се смета за почетокот на движењето за легализирање на марихуаната како лек, во САД.
Потоа следувале голем број петиции, а Калифорнија е првата држава која ја легализиралал марихуаната за медицински цели во раните 90-ти години.
Според Розенфелд, тој досега има конзумирано 135 илјади џоинти кои му ги доделила владата уште од 1982 година, речиси по 10 на ден. Тој вели дека заедно со Роберт Рандал креирале пакт - дека ќе го информираат светот за придобивките од користењето медицинска марихуана, иако властите сеуште не го одобруваат ова тврдење. Но тој, заедно со Рандал тврди дека медицинската марихуана е единствениот лек кој успева да ја намали болката и да излеќи. Како пто вели и самиот, тие двајца се живи докази за тоа тврдење.