X
 26.11.2019 Култура

Доделени државните награди „Св. Климент Охридски“

Албанологот д-р Агим Пољоска, редовен професор на катедрата за албански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ја доби државната награда „Св. Климент Охридски“ во областа на воспитанието и образованието. Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на писателот Димитар Башевски, оперската пејачка Весна Ѓиновска-Илкова и на естрадната уметница Виолета Томовска.
Во областа на здравството наградата му е доделена на пулмологот-алерголог, проф. д-р Дејан Докиќ. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември, во свечената сала на Собранието.

Наградата „Св. Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на нашата земја. Претседател на Одборот за државната награда беше академикот Влада Урошевиќ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура