X
 02.12.2020 Живот

8 декември е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Согласно Законот за празниците, 8 декември 2020 година, вторник, Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

До крајот на годинава остануваат уште два неработни дена: за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија 21 декември, Ден на настава на турски јазик, и за граѓаните од католичка вероисповед - 25 декември, првиот ден на Божиќ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот