X
 26.11.2023 Живот

Романтиката низ вековите - љубовни писма отворени по 250 години

По два и пол века се отворени писмата запленети од британската кралска морнарица пред да стигнат до француските морнари за време на Седумгодишната војна.

Претежно романтични, тие биле напишани во 1757 и 1758 година, а биле наменети за морнарите на францускиот воен брод.

Седумгодишната војна ја воделе Британија и Франција за контрола на Северна Америка и Индија.

Војната завршила со примирјето во Париз, кое донело значителни придобивки за Британија.

Писмата биле откриени од професорот Рено Морје од Универзитетот „Кембриџ“, во Националниот архив во округот Кју.

- Писмата откриваат како живееле морнарите и нивните семејства и зборуваат за „универзалното човечко искуство“- вели професорот Морје.

Извор: BBC
Фото:  BBC/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот