X
 14.02.2023 Живот

Дали францускиот е најромантичниот јазик на светот?

Не е тајна дека францускиот јазик се смета за најромантичен јазик во светот. За многумина, овој јазик е музика за уши. Но, што го прави толку привлечен?

Од мелодичниот акцент до поетските фрази и романтичната култура во Франција, дознаваме зошто францускиот има репутација на јазик на љубовта.

Истражувањето на „Гугл транслејт“ покажа дека францускиот е најчестиот европски јазик за преведување романтични фрази. Истражувањето ги опфати најчесто преведуваните фрази на шест европски јазици – француски, англиски, шпански, италијански, германски и руски. Исто така, истражувањето откри дека 34 од првите 1.000 збора преведени на француски се за љубов или се од романтичен карактер, повеќе од кој било друг јазик.

Најбараниот превод бил je t'aime (те сакам), заедно со mon amour (љубов моја), tu me manques (ми недостигаш), je t'adore (те обожавам), belle (убава) и magnifique (прекрасно).

Исто така, истражувањето на „Бабел“ покажа дека 34 отсто од 140.000 анкетирани луѓе рекле дека францускиот е најсекси јазик, додека 37 отсто рекле дека францускиот јазик има најсекси акцент.

90 отсто од луѓето рекле дека ако сакаат да научат јазик, би го избрале францускиот. Значи, дефинитивно постои перцепција дека францускиот е најромантичниот јазик.

Францускиот можеби е најромантичниот јазик во светот, но тоа не треба да изненадува ако се земе предвид репутацијата на француската култура за романса и трагедија. Францускиот одамна има репутација на јазик на љубовта, кој датира од 18 век кога францускиот бил јазик на аристократијата, додворувањето, витештвото и уметноста.

Францускиот јазик има и богата литературна традиција, со многу познати поети и писатели кои убаво и опширно пишуваат за љубовта.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот