X
 30.07.2015 Култура

Најубавите љубовни писма од големите книжевни великани

Времето кога се испраќаа љубовни писма е далеку позади над. Овој романтичен начин на докажување или изјавување љубов сега е заменет со социјалните мрежи. Низ историјата биле испратени многу интересни и прекрасни љубовни писма, а најдобрите секако биле од писателите. Следуваат некои фасцинантни примери.


Хенри Милер до Анаис Нин (1932)

„Ќе кажам дека ова е див сон, но дека е сон кој сакам да го разберам. Спој на животот и литературата, љубовта е двигател, ти со својата камелеонска душа ми даваш илјада љубови, секогаш усидрен без оглед на невремето, домот е таму кадешто сме ние. Наутро продолжуваме онаму кадешто сме застанале. Воскресение до воскресение. Ти се браниш и добиваш богат разновиден живот кој го посакуваш; колку повеќе се браниш, толку повеќе ме сакаш, ти требам. Твојот глас станува потивок, твоите очи поцрни, твојата крв погуста, а твоето тело поисполнето. Посурова од порано, свесно, намерно сурова. Незаситено задоволство на искуства.“


Чарлс Буковски до Линда Кинг (1972)

„Уживав во твојата точка на одење на раце; тоа ѓаволски ме запали... сè што правиш ме запалува ѓаволски... фрлањето глина кон таванот... кучко, црвена секси итрице, прекрасна прекрасна жено... стави нови песни и нова надеж и нова среќа и нови трикови во стариот пес. Те сакам.“


Франц Кафка до Милена Јесенска (1921)

„Постојано се обидувам да комуницирам со нешто со коешто не може да се комуницира, да го објаснам необјаснивото, да речам нешто за нешто што чувствувам во своите коски и што може да се почувствува само во овие коски. Практично, не се работи за ништо друго освен за страв за кој често разговаравме, но стравот се прошири насекаде, страв најголем од најмало, страв, парализирачки страв на изговарање на зборови, иако овој страв можеби не е само страв, ами само желба за нешто поголемо од сè што е страшно.“


Ернест Хемингвеј до Мери Велш (1945)

„Најдрага немирна девојко, одам на број со Пакстеј, Дон Андерсон и Џорџ и ќе бидам надвор цел ден и ќе се вратам и ќе бидам сигурен дека ќе пронајдам писма или писмо. А можеби нема да ги има тука. Доколку ги нема, ќе бидам тажен. Но, секако, знаеш како се носиш со тоа? Преживуваш до следното утро. Би било подобро да се помирам со тоа дека нема да ги има до утревечер и тогаш нема да ми биде толку лошо вечерва.

Пиши ми немирна девојко. Да ти беше тоа работа за работење, би ја работела. Ѓаволски е тешко без тебе и ќе издржам некако, но ми недостигаш толку што би можел да умрам. Доколку ти се случи било што, би умрел на ист начин како што би умрело животно во зоолошка градина доколку му се случи нешто на неговиот партнер. Те сакам, моја најмила Мери и знај дека не сум нетрпелив. Само сум очаен.“


Оскар Вајлд и Лорд Алфред Даглас (1893)

„Мое момче, твојата сонета е прекрасна и чудо е тоа што твоите румени усни не би требале да бидат ништо помалку за лудилото по музиката и песната отколку за лудилото по бакнежот. Твојата нежна позлатена душа оди меѓу страста и поезијата. Знам дека Хијанкит, кој Аполон лудо го сакал, бил ти во деновите на Грција. Зошто си сам во Лондон и кога ќе дојдеш во Салсбери? Немој да одиш таму да ги изладиш рацете во сивиот самрак на готски работи, дојди овде кога сакаш. Местото е убаво, но само ти недостасуваш; но оди прво во Салсбери. Секогаш со вечна љубов, твојот Оскар.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура