X
 26.12.2018 Живот

Скопје ќе добие трамвај


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека во 2019 година ќе почне изградба на трамвајска линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. За порталот Сакам да кажам, Шилегов изјавил дека во соработка со збратимениот град Загреб од јануари годинава се работело на техничко решение за изградба на првата фаза на трамвајот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Решението е изготвено, а според првичните процени, изградбата би чинела од 130 до 150 милиони евра.

- Трамвајот го менува самиот град, го менува ликот на градот, навиките на граѓаните. Моите очекувања се дека со реализација на овој проект многу брзо јавниот транспорт во Скопје ќе стане финансиски исплатив имајќи предвид дека сега Град Скопје издвојува 9 милиони евра од буџетот за помагање на јавниот транспорт. Ова е едно трајно решение и повеќедецениска желба на скопјани  - изјавил Шилегов.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот