09.11.2020
Здравје
Од денес: Со брзи тестови за Ковид-19 се тестира на 6 пункта во Скопје
Од денеска на 6 пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови, информираат од Министерство за здравство. Тестирањата се вршат во Поликлиника Ѓорче Петров, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ченто, Поликлиника Бит Пазар, Поликлиника Јане Сандански и Поликлиника Млин Балкан. Овие тестови се за детектирање на вирусот Ковид-19, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути.
-Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациетот ќе му се земе брис за ПЦР тести или за антигенски брз тест.Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку „Мој термин“. Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен но симптомите сугерираат на Ковид-19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест - информираат од Министерство за здравство