X
 26.12.2019 Култура

„Last Christmas“ - песна без која не може да се замисли Божиќ

Песната „Last Christmas“ на Џорџ Мајкл конечно може да се најде на првото место.

Шефовите на издавачката куќа се надеваат дека новата верзија на песната може да стигне до врвот на топ-листите наредната недела, кога ќе биде пуштена во продажба во продавниците.

Тие се надеваат дека песната ќе се најде на врвот на „Официјални синглови“ благодарение на преземањата. Во моментот се наоѓа на 13. место, но може да стигне до врвот во пресрет на Божиќ.

Оригинално објавена во декември 1984 година, „Last Christmas“ успеа да стигне на второто место. На врвот се најде „Do They Know it's Christmas?“

Песната го држи рекордот за најпродаван сингл што никогаш не стигнал на врвот на листата на „Официјални синглови“. Песната постојано се појавува на листите уште од 2007 година, а во 2017 година стигна до второто место, додека во 2018 се најде на третото место.

Песната беше број 1 во Данска и во Швајцарија и е многу популарна низ цела Европа. Во Германија се смета за најуспешниот божиќен сингл на сите времиња - со 137 недели на официјалната музичка листа.

Многумина не знаат дека Џорџ Мајкл не само што ја напишал и испеал песната, туку и ги отсвирил сите инструменти на песната и ја продуцирал во студиото „Ависон“ во Лондон.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура