X
 13.04.2018 Живот

„Не сакаме нашите деца да ја поврзуваат зимата со маски на лицата, туку со снегот и Снешко“

Полската влада планира да вложи 8,8 милијарди долари до 2028 година во борбата против смогот, вели полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

полска

Говорејќи на седницата на владиниот комитет, која се бори против загадувањето на воздухот, во рамките на новата програма наречена „Да го запреме смогот“, премиерот истакнал дека владата  го смета овој проблем за нешто многу сериозно.

„Не сакаме нашите деца да ја поврзуваат зимата со маски на лицата, туку со снегот, санките и Снешко“, изјави полскиот премиер.

Загадувањето на воздухот е на највисоко ниво во текот на зимата, кога домаќинствата се греат на евтин јаглен и гориво, па дури и ѓубре. Дури 48.000 смртни случаи во Полска биле предизвикани од болести поврзани со лош квалитет на воздухот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот