X
 02.10.2015 Култура

Фотографии кои покажуваат каков бил животот во Сирија пред граѓанската војна

Од 2006 до 2011 година, Сирија ја доживеа најголемата суша во историјата на светот, погодувајќи милиони рурални селани кои ги изгубиле своите фарми. Овие селани се преселиле во градовите со надеж дека ќе пронајдат работа за да ги одржуваат нивните потреби.

 

сирија


Сепак, немало доволно работни места за овие луѓе, а оваа фрустрација им даде храброст на 15 тинејџери да преку револуционерен слоган да го изразат она што го мислат: „Луѓето сакаат соборување на режимот“.

После апсењето и мачењето на тинејџерите кои го нацртале слоганот на училишниот ѕид, во март 2011 година започнаа анти-владините демонстрации во Сирија во јужниот град Дараа. Сепак, мирните протести резултираа во насилство, откако безбедносните сили отвориле оган врз демонстрантите. Убиствата создадоа поголем број протести кои растеле до стотици илјади, а барањето било претседателот Асад да даде оставка. Демонстрантите започнале да земаат оружје за да се бранат, а потоа ја формирале Слободната сириска армија за борба против владините сили од Дамаск до Алепо, како и во другите сириски гладови.

Конфликтот можеби изгледа како едноставно сценарио - владата против луѓето, меѓутоа постои доста поголем проблем кој го вклучува и подемот на исламската држава, поделбата помеѓу секуларни и исламистички борци како и помеѓу етничките групи.

Според активистите и ОН, повеќе од 220.000 луѓе биле убиени уште од почетокот на сирискиот конфликт, а 12.8 милиони луѓе во Сирија имаат итна потреба од хуманитарна помош. Досега, повеќе од 4 милиони бегалци од Сирија се во Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет. Во меѓувреме во Европа, Германија прифати да земе 800.000 баратели на азил, Франција и Велика Британија уште по 20.000. Америка зеде 1.500 Сиријци и донирашње 574 милиони долари за хуманитарни цели.

Пред војната, Сирија привлекуваше странски туристи со нејзините 3.000 археолошки локалитети. Дамаск и Алеп некогаш биле дел од туристичката индустрија одговорни за 5% од БДП на Сирија, а овозможуваа 270.000 работни места. Поради тоа, после 2011 година, последиците од протестите беа навистина шокантни за Сиријците, честите туристи, и економијата на земјата.

Каква била Сирија во времињата кога таа беше позната туристичка дестинација? Погледнете сами.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура