X
 26.12.2020 Живот

Универзитетот на Торонто крие прекрасна бамбусова градина

Бамбусовата градина скриена во кампусот на Универзитетот на Торонто е совршено место за оние што бараат мир и тишина, далеку од градската врева.

„Стуткан“ во зградата на центарот „Теренс Донели“, водечкиот институт за истражувања на геном има атриум на повеќе нивоа што е сосема спротивен од бетонската џунгла што обично е карактеристична за големите градови.

Старата внатрешна архитектура на зградата е совршено неутрализирана со модерната доградба и внатрешната градина. Скалите водат кон бујна шума од тропски грмушки и огромни дрвја од бамбус кои формирале импресивно густа крошна, достигнувајќи висина од 4 метри кон стаклениот таван.

1

2

Ќе ја забележите живописната зелена боја од бамбусите веднаш штом влезете во „Теренс Донели“:

Просторот е дизајниран од архитекти од „Торонто алијанс“ и германската компанија „Бехниш архитектен“, кои се погрижиле да искористат комбинација од природна и вештачка светлина за да создадат спокоен амбиент.

3

4

Високите дрвја и тропските растенија ги затвораат дрвените палуби, обезбедувајќи мир во просторијата. Осветлениот таван и прозорците овозможуваат многу сончева светлина, така што секогаш е како пролет во просторијата, дури и во најстудените денови.

Високите скали водат до дополнително место за работа и читање за студентите над кое се гледа бамбусот.

5

6

Студентите, како и остатокот од јавноста, можат да уживаат во просторот што го одзема здивот. Центарот „Донели“ е отворено од 9 до 17 часот секој ден.

Извор: Blogto.com
Фото: University of Toronto/ Donnely Centre
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот