Списанието „Њусвик“ минатата недела објави дека официјални лица ја претставиле „Градината на книгите“, џиновски академски комплекс кој зафаќа околу 65.000 квадратни метри.
Фото: iranmilitaryvlog
Во овој центар има неколку кина и театри, научни сали, училници, ресторан, молитвена соба и многу литература. На покривот има парк кој е наменет за читање.
Центарот има цел да ги охрабри иранските деца да бидат активни и креативни преку современи методи и опрема.
„Отворањето на книжевната градина е голем културен настан во земјата за нашите деца да можат подобро да ја искористат оваа културна и академска можност“, изјавил градоначалникот на Техеран, Мохамед Бакер Калибаф, на отворањето.
Идејата за книжевната градина првпат се појавува во 2004 година, а изградбата завршува минатата пролет. Последните месеци организаторите ги поминале во снабдување со книги. 400.000 наслови се достапни за деца. Еден дел од центарот дури има и пониски полици, за младите полесно да можат да ги достигнат книгите.
Сепак, овој објект не си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди. Најголемата
книжарница од 1999 е “Barnes & Noble” на Петтата авенија во Њујорк.