Холанѓаните ги обожаваат нивните цвеќиња, а сите пејзажни фотографи секоја година уживаат во убавата пролет, прикажувајќи ја убавината на холандските цвеќиња.
Веројатно позната ви е градината
Кеукенхоф, најубавата градина со лалиња во светот. Секоја година милион туристи ја посетуваат оваа градина. Ова е многу особено ако се земе предвид дека градината е отворена само во пролет. Секоја година вработените се грижат градината да изгледа беспрекорно, а не беше исклучок и оваа година.
Но, оваа година е „посебна“. Градината е затворена првпат во 71 година. Но, тоа не значи дека нема цвеќиња. Напротив, цвеќињата изгледаат неверојатно и добиваат исто внимание и грижа како и секогаш. Сите градинари си ја вршат работата исто како порано затоа што дури и без луѓе природата и градината продолжуваат.
Еден холандски фотограф побарал дозвола од градината за да ја фотографира. Еве ги резултатите од серијата фотографии.