Германските филмови имаат освоено најмногу „Оскари“ во категоријата најдобар филм од странско говорно подрачје, а половина од филмовите во продолжение се номинирани за „Оскар“.
1. Das Boot (The Boat), 1981 година
Вистинска германска класика која ја раскажува приказната на германските „У-бродови“ во Атлантикот за време на Втората светска војна. И покрај тоа што станува збор за епски воен филм, сепак успева да изгледа модерно.
2. Der Untergang (Downfall), 2004 година
Филм номиниран за „Оскар“ кој стана многу популарен и надвор од Германија. Бруно Ганц, актерот кој го глуми Хитлер, е неверојатно убедлив. Една посебна сцена од филмот стана вистинска сензација, па така илјадници луѓе го искористиле лутиот говор на Хитлер.
3. Die Fälscher (The Counterfeiters), 2007 година
Ова е австриски филм, меѓутоа, дејствието се случува во Германија и се зборува на германски јазик.
Филмот доби „Оскар“ за најдобар странски филм, а ја раскажува помалку познатата приказна за нацистичка воена операција. Операцијата наречена „Бернхард“ била план за фалсификување на британските фунти со цел да се преплави британската економија и да се создаде хиперинфлација.
4. Nirgendwo in Afrika (Nowhere in Africa), 2002 година
Дејствието на филмот е во Кенија и претставува прекрасно филмско парче. Овој оскаровец е уште поавтентичен поради мешавината на германскиот, англискиот и свахили јазикот, а ја раскажува приказната за еврејско семејство кое мигрира на мала фарма во Кенија пред започнувањето на Втората светска војна.
5. Good Bye, Lenin!, 2003 година
Филмот изненадувачки добро, низ призмата на хуморот, ја претставува ситуацијата со Источен Берлин. Трагикомедијата го следи младиот Алекс кој потекнува од Источен Берлин. Алекс се обидува да ги сокрие падот на ѕидот и крајот на комунизмот од неговата болна мајка, која е заколнат социјалист. Како што знаците на капитализмот почнуваат да се појавуваат насекаде, така филмот се занимава со идејата за „Осталгија“ - носталгија за Источна Германија.
6. Das Leben der Anderen (The Lives of Others), 2006 година
Веројатно еден од најпознатите германски филмови, кој го прикажува ужасното присуство на Штази (источногерманската тајна полиција) во Источен Берлин во 80-тите. Агентот на Штази, Герд Визлер, е назначен да го шпионира драмскиот писател Берлин, но нему сето тоа му станува прилично непријатно.
7. Barbara, 2012 година
За оние што сакаат побавни и уметнички филмови, овој е вистинскиот. Филмот го прикажува животот во провинциска Источна Германија. Барбара е докторка која сака да замине на Запад, но е казнета од државата, па се наоѓа себеси во изолирана рурална болница.
8. Der Baader-Meinhof Komplex (The Baader-Meinhof Complex), 2008 година
Оние помладите што не ја доживеале студената војна, Западна Германија често пати ја сметале за просперитетна и мирна за разлика од Источна Германија. Овој филм го прикажува спротивното.
9. Die Welle (The Wave), 2008 година
Трилер кој е базиран на вистинска приказна за средношколски професор од Калифорнија кој дизајнирал експеримент за да ги научи своите ученици за нацизмот. Слично на експериментот со затворот „Стенфорд“ од 1971 година, моќно ја прикажува ужасната привлечност на масовните движења.
10. Unsere Mütter, Unsere Väter (Generation War), 2013 година
Станува збор за мини-серии во 3 дела од по 90 минути, а ги следи различните патувања на 5
германски пријатели помеѓу 1941 и 1945 година.