X
 26.12.2022 Живот

Еден пијалак нѐ поттикнува да купуваме повеќе, а го пиеме секој ден

Големи се шансите дека за време на пазарувањето сте седнале на кафе за да одморите во текот на шопингот. Според ново истражување, токму тоа може да ве поттикне да купувате повеќе.

Истражувањето спроведено во повеќе земји покажало дека консумирањето пијалаци со кофеин доведува до поголема импулсивност при пазарењето, што резултира во повеќе купени производи и поголемо трошење. Истражувањето покажало и дека влијанието на кофеинот било најголемо кога станува збор за купување хедонистички производи. Освен тоа, ефектот бил посилен кај лицата што пијат помалку кафе во текот на денот.


Фото: Pixabay

- Кофеинот, како силен стимуланс, ослободува допамин во мозокот, што ги возбудува умот и телото - вели професорот Дипајан Бисвас, истражувач од Универзитетот во Јужна Флорида.

Тоа доведува до повеќе енергија, што ја зголемува импулсивноста и ја намалува самоконтролата, додава тој.

Истражувачите направиле повеќе експерименти за да стигнат до овие резултати, а еден експеримент бил спроведен во лабораторија и имал цел да провери дали кофеинот игра улога и во онлајн пазарењето. Биле добиени слични резултати, односно оние што консумирале кофеин се одлучиле за купување повеќе работи кои би се сметале за непотребни, додека оние што не пиеле кафе одбирале попрактични работи.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот