X
 26.12.2022 Живот

Жените во Шпанија добиваат три дена менструално отсуство месечно

Она што беше најавено сега конечно е остварено - Шпанија изгласа три дена менструално отсуство месечно за сите жени.

Ваквата практика, која е прва од овој тип во Европа, подразбира дека жените можат три дена во месецот, кога баш и не им е до работа, да ги поминат како сакаат додека организмот не се врати во нормала. Тоа е тема за која не се зборува толку често, а Шпанците сакаат да го променат тоа.

Законот е само дел од поширокиот план да се променат закони поврзани со репродуктивното здравје, па така, отсега девојките од 16 и 17 години ќе можат да одат на абортус без потврда од родителите.

Покрај тоа, ДДВ на хигиенските производи ќе биде укинат, а ќе се обезбеди и јавен фонд за хормонски контрацепции и пилули за „ден потоа“.

Иако ова е единствениот закон од овој тип во Европа, нешто слично веќе е во сила во неколку азиски земји, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Тајван и Јапонија, каде што ваков закон е донесен уште во 1947 година.

Извор: BizLife
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот