Секоја година Светскиот економски форум објавува извештај за глобалната конкурентност - извештај за состојбата во светската економија. Земјите се споредуваат на основа на 12 фактори, вклучително и инфраструктурата, иновациите и финансискиот систем. Еден од факторите кои Светскиот економски форум ги разгледува е и тоа колку се здрави граѓаните на некоја земја.
За да се измери тоа, нациите се споредуваат на основа на проценка колку години лицето може да очекува дека ќе живее во добро здравје, тоа се вика очекувано траење на здравиот живот, мерна единица која ги комбинира податоците за смртноста со податоците за здравствениот статус. Според извештајот за 2018 година, ова се најздравите земји.
Малта има долга историја на квалитетна здравствена нега. Од минатата година оваа земја се искачила од 23 на 16 место. Очекуваното траење на здравиот живот на Малта е 70,9 години.
Австрија троши седум отсто од бруто доходот на здравствена нега, а очекуваното траење на животот е 70,9 години.
Луксембург бележи пад за неколку места од минатата година, кога беа на шестото место. Очекуваното траење на здравиот живот во оваа земја е 71 година.
Костарика има најдобри здравствени услуги во Латинска Америка и очекуваното траење на животот е 71,2 години. Оваа земја бележи напредок од 23 места за разлика од минатата година.
Канада е многу горда на својот здравствен систем, иако неодамнешната анкета покажа дека Канаѓаните сметаат оти установите за лечење ментални болести не се доволно финансирани. Очекуваното траење на животот е 71,2 години.
Израел, кој минатата година беше на 13 место, сега е 11-ти со 71,4 години.
Исланд има универзална здравствена нега и многу малку граѓани имаат приватно здравствено осигурување. Очекуваното траење на животот е 71,5 години.
Во Норвешка децата до 16-тата година не плаќаат ништо за здравствената нега. Оваа скандинавска земја троши за здравствената нега на едно лице повеќе од која и да е друга земја во светот. Траењето на здравиот живот таму е 71,5 години.
Австралија е на осмото место со 71,5 години.
Франција е позната по прекрасните здравствени услуги и го зазема високото седмо место, на кое се искачи од 11-тото. Траењето на здравиот живот во оваа земја е 71,7 години.
Многу Италијанци имаат висок квалитет на животот благодарение на здравството. Очекуваното траење на здравиот живот е 71,8 години.
И Швајцарија има универзални здравствени услуги, граѓаните мораат да имаат здравствено осигурување. Траењето на животот е 71,9 години.
Првото место го делат четири земји. Јапонија со 73,2 години, Хонгконг има највисоко очекувано траење на животот со 87,32 за жените и 81,24 години за мажите. Шпанија троши десет отсто од својот бруто приход на здравство, а очекуваното траење на здравиот живот е 72,6 години. Сингапур е една мала држава која се искачи на самиот врв. Очекуваното траење на здравиот живот таму е 73,6
години.