Куенка е главниот град на истоимената шпанска покраина која се наоѓа на околу 170 километри источно од Мадрид, а бил изграден од страна на Маврите во осмиот век.
Средновековниот град под кој жубори тиркизната река Хуесар изгледа како некој да ве вратил во минатото. Целиот град е сместен на работ на една карпа и оттаму има незаборавен поглед на околната природа која се простира како на дланка. Висечките куќи во Куенка од 15 век се совршен пример за традиционалната градба на карпи.
Фото: B92
Поради тоа што немало многу простор за ширење, жителите на Куенка граделе каде ќе стигнат, а тоа значи само едно - во висина. Кревале високи згради за да можат што повеќе луѓе да имаат свое место за живот. Станува збор за облакодери што се сметаат за најстари на свет.
Зградите се импресивни кога ги гледате од далечина, но кога стоите точно пред нив и гледате нагоре, ќе помислите каков
архитектонски подвиг бил тој пред повеќе од 500 години.