X
 26.12.2023 Економија

Ова е најскапата дестинација за Нова година

Њу Орлеанс е најскапа дестинација во светот за хотелски престој на новогодишната вечер, покажуваат резултати од нова анкета. Анкетата од веб-страницата „Травел маг“ споредува цени за сместување во 60 големи градови низ светот.

За секоја дестинација била земена предвид цената за најевтината слободна соба за двајца од 30 декември до 2 јануари. Биле анализирани само хотелите на централна локација и барем со три ѕвезди.

Најевтината слободна соба за три ноќевања во Њу Орлеанс чинела 1.190 долари. По Њу Орлеанс, на листата со најскапи дестинации се Мајами и Њујорк, со 1.184 долари и 1.164 долари, соодветно.

Во продолжение е целата листа.

1. Њу Орлеанс
2. Мајами
3. Њујорк
4. Рио де Жанеиро
5. Сиднеј
6. Пунта Кана
7. Канкун
8. Единбург
9. Лондон
10. Хонолулу

Извор: Breaking travel news
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија