X
 04.01.2018 Политика

Што ќе се случува во Иран?

„Смрт на Америка“, „Смрт на Израел“, извикуваа вчера неколку десетици илјади поддржувачи на иранската власт што се собрале во повеќе градови за да ги осудат „немирите“ кои овие денови го потресуваат Иран. Носејќи транспаренти со написи против „поттикнувачите на нередите“, демонстрантите извикувале слогани за поддршка на врховниот водич Али Хамнеи. Заповедникот на Иранската револуционерна гарда доцна синоќа објави дека противвладините протести во државата завршиле.

фотоизвор: Reuters/Pixsell

Иако власта во Иран тврди дека се работи за спонтани протести за изразување поддршка, аналитичарите се уверени дека преку нив врховниот водич сака да ја покаже својата моќ, не само на реформаторите, туку и на САД, Израел и Саудиска Арабија, кои повикуваат на рушење на режимот во Иран.

Хамнеи има голема поддршка во Иран. Во 39 години со санкции на Иран имало многу обиди за рушење на режимот, но неуспешни. Аналитичарите се уверени дека една шанса за тоа била кога светот го поттикнуваше Садам Хусеин за војна со Иран во 1980 година, давајќи му ја целата поддршка, финансиска и вооружена.

Прашањето што денес се поставува е дали имаат Трамп, Израел и Саудиска Арабија морално право да бараат пад на владата во држава со 82 милиони жители и површина поголема од Франција, Германија и Шпанија заедно, каде што и се развива нуклеарно оружје?

Можни се 3 сценарија. Откако ќе ја видат моќта на конзервативците, противвладините демонстранти имаат 2 можности: или да се повлечат или да предизвикаат ескалација на судир во кој би интервенирала Иранската револуционерна гарда и би го задушила бунтот. Едно од најверојатните сценарија е и падот на владата на претседателот Хасан Рохани.

Првите масовни ирански протести почнале во 1978 година и поради нив, монархот Реза Пахлави побегнал од земјата, а неколку дена подоцна Хомеини од прогонство се вратил во Техеран, каде што го дочекале милион луѓе. Монархијата е завршена официјално во 1979 година. Пахлави е срушен поради модернизацијата, која ја карактеризирало исклучување на припадниците на елитата што го легитимирале традиционалниот режим. Сето тоа резултирало со длабок јаз помеѓу власта, која никому не одговарала, и широките слоеви на маргинализираното општество кое останало без можност за избор.

фотоизвор: Reuters/Pixsell

Кога почнала револуцијата, за сите потези веќе било доцна. Постојниот режим ја изгубил веродостојноста, а како излез од длабоката општествена криза се наметнало исламското движење, иако дотогаш Иран бил сосема отворена држава во која се пиело алкохол, девојките носеле мини-здолништа и слично. Техеран во времето на Пахлавија се споредувал со Амстердам поради големиот број јавни куќи.

Иако на референдум во 1979 година дури 98,2% се изјасниле за Исламска Република Иран, Иранците кон шеријатските закони се држат исклучиво во Иран. Така што, често може да се забележи Иранка како на влез во авион на себе има бурка, а при слетување во друга земја веќе е во деколте.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика