X
 13.01.2016 Култура

Математиката позади најголемата лотарија во САД

Неделава, во САД се одржува најголемото извлекување на лото во земјата. Таканаречениот „Powerball“ привлекува многу граѓани да купат ливче и да се надеваат на џек-потот, но колкави се нивните шанси?


Аналитичарите сметаат дека поголеми се шансите името да ви биде избрано од шапка со сите имиња во САД отколку да добиете на ова лото. Ова лото е како и секое нормално, со мала разлика. Бирате пет бројки (1-69) кои се појавуваат како бели топчиња во извлекувањето. Конечното, жолто топче носи бројка од 1 до 26, но тоа доаѓа последно.

Шансите за добивка се еден во 292 милиони за сите различни комбинации со кои може да се добие главна награда. Што се однесува до главното лото, шансите никогаш не се менуваат, иако главната награда изнесува 1,4 милијарди долари, а во ноември изнесувала 40 милиони долари.

Wired“ објаснува дека секогаш е подобро да се купи ливче отколку да не се купи, без оглед на шансите. Доколку шансите се совршени и не би можеле да загубите, пишуваат тие, тогаш имате очекувана добивка, а инвестицијата од 2 долари е одлична.

Она за што не се зборува

Добитникот на тие 1,4 милијарди долари би ги добил тие пари во текот на следните 30 години. Доколку тој/таа сака да ги добие сите пари веднаш, сумата паѓа на 868 милиони долари, без данокот, кој изнесува 25-28%. Данокот ќе ја снижи сумата на 394 милиони долари.

Тоа ја намалува вредноста и на индивидуалното ливче, кое иако чини 2 долари, има вредност од 1,35 долари на крајот во добивка.

Едноставно е: доколку вашата очекувана добивка е помала од инвестицијата, искористете ги тие пари на подобар начин.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура