Во малиот град Албервил во Франција, жителите го гледаат сирењето како многу повеќе од храна. Тоа е нешто што ги пали светилките. „Смитсонијан“ известува дека таму се користи сирење за снабдување со енергија.
Имено, новоотворена централа користи сирење за да произведе енергија за стотици домови во градот. Поточно, течноста која останува за време на подготовката на сирењето природно произведува метан кога ферментира. Централата ги собира овие остатоци од локалната индустрија и ја меша со бактерии за да го започне процесот на ферментација.
Кога ќе започне ферментацијата, биогасот кој се испушта се зачувува и користи за снабдување енергија за генераторот кој произведува 2,8 милиони киловат-часови годишно - доволно за снабдување со енергија на околу 1.500 домови на
речиси 20.000 жители.
Јогуртот веќе се користи на сличен начин за производство на електрична енергија во Њујорк, САД, а технологијата наскоро ќе биде искористена и во Европа и Канада.