X
 09.11.2019 Живот

Упатство за живот според Леонардо Коен

- Не се самоубив кога работите тргнаа на полошо. Не ѝ се препуштив на дрогата, ниту на медитацијата. Се обидував да заспијам, но бидејќи не можев да заспијам, се обидував да пишувам. Се обидував да пишувам нешто што во ноќите како оваа би можел да го чита некој човек како јас - така пишуваше Леонард Коен. Така се чувствувал, зборувал, пеел. И тоа го направило вистинска легенда. Почина на 7 ноември 2016 година, но неговите зборови останаа да живеат во песните и мислите, како своевидно упатство за животот и разбирање за светот. Да се потсетиме на некои од нив.

- Постои пукнатина во сè. Така влегува светлината.

- Однесувајте се како личноста каква што сакате да бидете и наскоро таква личност ќе станете.

- Не се сметам за песимист. За песимистот размислувам како за некој што го чека дождот. Јас се чувствувам како да сум мокар до кожа.

- Децата ги покажуваат лузните како медали. Љубовниците ги користат како тајни за откривање. Лузните се случуваат кога зборот станува месо.

koen

- Ако не станеш океан, секој ден ќе имаш морска болест.

- Реалноста е една од можностите што не можам да ги игнорирам.

- Немој да бидеш магионичар - биди магија.

- Како да почнам нешто ново со сето она од вчера во себеси?

- Поезијата е само доказ за животот. Ако вашиот живот добро горел, поезијата е само пепел.

- Во љубов сме создадени. Во љубов и исчезнуваме.

- Грди сме, но имаме музика.

- Не нарекувај се себеси тајна ако не мислиш да ја сочуваш.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот