X
 04.04.2015 Култура

Во спомен на Ана Франк - нејзините најубави цитати

Анелис Мари „Ана“ Франк била германско девојче од еврејско семејство од градот Франкфурт којашто стекнала светска слава стекнала благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна.

Ана со своето семејство се преселила во Амстердам во 1933 година, откако нацистите дошле на власт во Нацистичка и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во 1940. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, Ото Франк, таткото на Ана Франк во јули 1942 со семејството се криел во собите од неговата работна зграда. По две години групата којашто ја сочинувале и тие била пронајдена и испратена во концентрационите логори. Седум месеци по нејзиното апсење, Ана починала од тифус во концентрациониот логор Берген - Белзен во деновите кога умрела и нејзината сестра Маргот Франк. Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик.

Дневникот на Ана Франк останува едно од најважните парчиња на пишан збор - сведочење на 13 годишното девојче за страшниот геноцид. Но, повеќе од тоа, Дневникот на Ана е прекрасна автобиографија на брилијантна млада девојка полна со надеж, потенцијал и храброст. Ве потсетуваме на некои од нејзините најубави цитати.

1. Колку е прекрасно што никој не треба да чека момент за да го подобри светот.

2. Чудно е што не сум ги напуштила сопствените идеали, затоа што тие изгледаат толку апсурдно и неоправдано. Сепак, јас се држам до нив бидејќи се`уште верувам, и покрај се`, дека луѓето се навистина добри во срцето.

3. Знам што сакам, имам цел, имам мислење, имам вера и љубов. Дозволи ми да бидам јас, и тогаш сум задоволна. Знам дека сум жена, жена со внатрешна сила и храброст.

4. Никој не станал сиромашен со давање.

5. Луѓето можат да ти велат да ја држиш устата затворена, но тоа не те спречува да имаш сопствено мислење. Дури и ако луѓето се многу млади, тие не треба да бидат спречени да го кажат она што го мислат.

6. Општо земено, мажите имаат голема почит во сите делови од светот; тогаш зошто жените не треба да имаат свој удел? Војниците и воените херои се почестени и празнувани, на истражувачите им е дадена бесмртна слава, мачениците се ценети, но колку луѓе ги гледаат жените како војници?

7. Помислете на сета убавина останата околу вас и бидете среќни.

8. Секој во себе има „парче“ добри вести. Добрите вести се тоа што не знаеш колку можеш да бидеш голем и одличен. Колку можеш да сакаш! Што можеш да постигнеш и колку е голем твојот потенцијал.

9. Она што е направено не може да се врати назад, но човек може да го спречи и да не се случи повторно.

10. Не мислам на бедата, туку на убавината што останува.

11. Долгорочно, најострото оружје е нежниот дух.

12. Пишувањето во дневникот е чудно искуство за некој како мене. Не само затоа што претходно не сум пишувала, туку затоа што ми се чини дека ниту јас ниту било кој друг нема да биде заинтересиран за размислувањата на 13 годишна девојка. Но, тоа и не е толку важно. Јас сакам да пишувам.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура