X
 27.01.2023 Живот

Секојдневното читање и танцување може да ви го продолжат животот

За да се чувствувате подобро во сопствената кожа и да имате повеќе енергија, не значи дека треба да ја нарушите вашата дневна рутина.

Д-р Мајкл Мосле во серијалот посветен на неговото истражување открива поедноставни, научно поддржани начини како да го трансформирате вашиот живот.

Танцувајте 5 до 10 минути на ден

Со енергично танцување можете да го подобрите пулсот на 140 отчукувања во минута, а треба да се прават движења со низок и висок интензитет.

Танцувањето го ублажува чувството на депресија, го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, ја подобрува меморијата и штити од деменција.

- Јас не сум еден од најприродните танчари на светот, но навечер уживам во танцување салса со мојата сопруга Клер - вели д-р Мосле.

Користа од танцувањето е релаксацијата. Само танцувајте како никој да не ве гледа (затоа што веројатно не ве гледа).

Ако можете, танцувајте со други луѓе. Поврзувањето со другите помага да се ослободите од стресот. При танцување се ослободува ендорфин, хормонот на среќата кој произведува позитивни чувства.

читање
Фото: Freepik

Читајте 30 минути на ден


Читањето добри книги дејствува како вежба за мозокот. При истражување на Универзитетот „Стенфорд“ забележано е драматично зголемување на протокот на крв во мозокот кај испитаниците што ја читале Џејн Остин. Објаснувањето е дека ако се задлабочиме во добра книга, вниманието на нашиот мозок е окупирано од приказната, изгледот на ликовите, описот на мирисите, звуците, околината и тоа активира различни центри во мозокот. Зборовите како лаванда, цимет или сапун ги активираат центрите во мозокот одговорни за сетилните искуства.

Невролог од Универзитетот „Јорк“ вели дека читањето фикција може да ги зголеми нашата емпатија и интерперсонални вештини бидејќи деловите од мозокот што ги користиме за разбирање приказни се преклопуваат со оние што ги користиме за да ги разбереме другите луѓе.

- Читањето му помага на нашиот мозок да стане подобар во создавањето точни модели на вистински луѓе и предвидувањето што тие би можеле да мислат, чувствуваат или прават - вели д-р Рејмонд Мар.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот