Откако роверот „Кјуриозити“ ја почна својата мисија на Марс, дознавме многу работи за Црвената Планета, вклучително и тоа дека таа е дом на сложени органски молекули. Значајно во врска со постоењето на овие соединенија на јаглеродот е тоа што тие се сметаат за основен предуслов за живот.
(
Фото: Pixabay)
Но, „Кјуриозити“, кој слета на Марс во 2013 година, всушност не е првиот што открил органска материја на четвртата планета од Сонцето. Во текот на мисијата „Викинг“ во седумдесеттите години од минатиот век било наведено дека не е пронајден таков доказ, меѓутоа, „Њусаентист“ пишува дека можеби НАСА случајно ги запалила трагите од органските молекули од Марс.
Научници од американската вселенска агенција, на чело со Кристофер Мекеј, сега веруваат дека се на добар пат да ја расчистат целата ситуација. Според истражувачите, најмалку една единица од „Викинг“ детектирала органска материја, но машината што управувала со неа на далечина во текот на обработката на податоците го запалила тоа драгоцено откритие.
Оваа хипотеза е применлива поради присуството на супстанција што научниците ја откриле на Марс пред десет години – леталото „Феникс“ во 2008 година на Црвената Планета откри токсично, солено соединение наречено перхлорат. Тоа е вонредно запалива материја на Земјата, па, меѓу другото, се користи во пиротехниката. Бидејќи температурите на Марс се многу пониски, мала е веројатноста перхлоратот да се запали.
Меѓутоа, леталото „Викинг“ ги загреал примероците од површината на Марс на 500 степени. Перхлоратот што бил меѓу другите материи ги запалил чувствителните органски молекули веројатно веднаш по загревањето, наведува „
Бизнис инсајдер“.
Анализирајќи ги новите податоци од „Кјуриозити“, Мекеј и неговиот тим сега сметаат дека најверојатно се одиграло истото сценарио како со „Феникс“. Во 2013 година „Кјуриозити“ детектирал не само органски супстанции, туку и молекули од хлоробензен, кои се создаваат кога јаглеродот реагира со перхлоратот.