X
 25.05.2017 Образование

Дали персонализираното учење е иднината?

Средното училиште Виста кое е лоцирано во Сан Диего во следните 4 години ќе применува метор на персонализирано учење со кој идните средношколци ќе се мотивираат да го следат својот пат со преку предизвикувачки проекти кои одговараат на нивните интереси.

виста
Фото извор: usatoday.com/XQ


Тие ќе работат во помали групи, а ќе решаваат вистински светски проблеми со помош на своите ментори. Оваа програма е лансирана пред две години само со мала група на ученици и откако е согледано дека е успешна, донесена е одлука да се примени во цело училиште со новодојдените ученици.

Персонализираното учење има за цел креирање на посилни врски меѓу наставниците и учениците. Целта на Виста е ова да се соедини со ДНК структурата на училиштето што значи дека се потребни дополнителни напори за професионален развој на наставниот кадар, нови наставни планови и нов начин на оценување при што учениците континуирано треба да докажуваат како напредуваат.

Во 2016 на училиштето му е доделен грант од 10 милиони долари и Виста заедно со другите училишта на кои им е доделен грант треба да креираат училишта во кои ќе решаваат вистински светски проблеми. Новата наставна програма се базира на целите на ОН за одржлив развој, а темите кои ќе се обработуваат се сиромаштија, климатски промени и глобално граѓанство. Таа е дизајнирана на начин учениците да учат еден од друг, како што се очекува и да се однесуваат во општеството.

Од училиштето изјавуваат дека дисциплинските мерки се сведени на речиси 0, а отсутноста се намалила за 75%. Според изјавите на учениците, сѐ повеќе се зголемува мотивираноста да се следи наставата и редовно да се присуствува на училиште.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование