Роверот „Персевиренс“ на американската вселенска агенција НАСА минатата недела
пристигна на Марс, а со себе ги понесе и имињата на речиси 11 милиони луѓе од Земјата.
Имињата се запишани во три силициумски чипови што се наоѓаат на роверот. Секој од чиповите е голем колку еден нокт, а имињата биле запишани со електронска технологија за пишување букви потенки од човечко влакно.
Имињата на вкупно 10.932.295 луѓе од околу 250 земји и територии биле испратени на Марс со роверот. Среќниците чии имиња стигнале на Марс биле известени на нивната електронска пошта.
Доколку сакате вашето име да биде запишано на следната мисија на НАСА до Марс, може да се пријавите
овде. Досега се пријавиле над 8 милиони луѓе, од кои над 3.000 од Македонија.
Автор: Тим Бејкер
Извор:
news.sky.com
Фото:
nasa.gov