Неодамна е откриена нова Месечина што кружи околу Земјата, помала од таа што е веќе позната. Според објавите на НАСА оваа „ Квази-Месечина“ се движи неправилно и всушност се работи за астероид именуван 2016 HO3, што моментално е заробен во „мал танц“ со Земјата.
Новата „Месечина“ е во близина на Земјата веќе еден век, има елипсовидна орбита и е на околу 38 до 100 пати поголема оддалеченост од нашата планета во споредба со првата Месечина. Таа е навалена на околу 8 степени и кружи околу Сонцето за 365,93 дена, што е малку подолго од годината на Земјата (365,24 дена).
Поради елипсовидната орбита некогаш е многу близу до Сонцето и се движи побрзо од Земјата, и обратно, кога е оддалечена се движи побавно. Сепак, никогаш се доближила повеќе од 14 милиони километри до нашата планета и не се оддалечила повеќе од 40 милиони километри.
Астероидот 2016 HO3 е откриен на 27 Април со телескопот за истражување астероиди - STARRS 1, поставен на Халеакала, Хаваи.