X
 14.05.2021 Образование

Потпишан Колективен договор со кој се зголемуваат платите на вработените во високото образование

Вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10% повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука. Независниот академски синдикат (НАкС) исто така се приклучи кон колективниот договор.

Со вклучувањето на НАкС во колективниот договор првпат во 30 години независна држава професорите директно преговараа за своите права со МОН, без посредство на раководните структури на државните универзитети. Од синдикатите сметаат дека овој колективен договор е исклучително важен за правата на работниците, во однос на решенија на системски проблеми кои ги засегаат вработените во секторот со години, социјалниот дијалог и регулирањето на односите помеѓу различните чинители и препознавањето на она што е значајно во политиката на високото образование и науката, пишува во соопштението на МОН.

Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука: вработување, унапредување, право на годишен одмор, право на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација итн.

Во договорот се дефинира начинот за пресметување на платата, кој се темели на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата. Со овој начин на пресметка се обезбедува систем на валоризација, но и континуиран раст на платата, која ќе расте заедно со просечната плата, со што се оневозможува стагнирање на платите како во изминатиот период.

Дополнително, во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и минат стаж. Колективниот договор го утврдува и горниот праг на оптовареност на наставниот кадар со задолжителна настава и прекувремен број на часови. како и исплаќање на преекувремената работа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование